Поврзете се со нас

Англија

Кејн со комплименти за стоперот на Интер: Едвај чекам да играм повторно против него

Објавено

на

Foto:x.com/FCBayernEN

Хари Кејн не реализираше колосална шанса на „Алијанц арена“ при резултат 0:0 на првиот натпревар против Интер, па затоа поразот од 1:2 уште потешко му падна на искусниот англиски напаѓач.

Најдобриот голгетер на Баерн доби прозивки по нереализираната шанса во клучен момент и прифати дел од критиките, но како што вели самиот, добра вест во целата ситуација е што неговите соиграчи му креираат шанси, кои верува дека утре ќе ги претвори во погодок.

– Не спијам добро после натпреварите, а уште помалку кога нема да реализирам таква шанса. Кажав веднаш по натпреварот, позагрижен ќе бев ако не создававме шанси.

– Кога промашувам шанси, тоа значи дека сум бил на вистинско место и дека сум добил топка од мој соиграч. Се ставам во ситуација да погодам во такви моменти, но таа вечер не успеав и тоа е фудбалот. Се надеваме дека утре ќе бидеме поклинички прецизни, знаеме дека не е готово и дека не чекаат уште 90, а можеби и 120 минути, – изјави Кејн, кој во текот на неделата доби пофалби од стоперот на Интер, Франческо Ачерби.

– Имавме добра битка минатата недела со Ачерби, има огромно искуство и знае како да игра со врвни фудбалери. Поради тоа, и јас уживам да играм против него. Му благодарам за комплиментите, секогаш се обидувам да бидам подобра верзија од себе. Да бидам искрен, едвај ја чекам нашата нова битка утревечер, – порача Кејн.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни