Поврзете се со нас

Германија

Кејн со хет-трик го попари Штутгарт во германското дерби (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/FCBayern

Саботната програма во Бундеслигата заврши со големо дерби на „Алијанц арена“, каде наместо возбудлив и неизвесен меч, сведочевме на голема доминација на баварците, која посебно дојде до израз во вториот дел.

Дефанзивниот фудбал на Штутгарт донесе резултат по 45 минути игра во кои мируваа мрежите на двата гола, но во вториот дел видовме четири гола на дербито, и тоа сите во мрежата на Нибел.

Во недостиг на креација со завршниот пас, Хари Кејн реши да решава од дистанца и со прецизен шут погоди за 1:0 во 57-та минута, а откако падна првиот погодок, работата за Баерн беше далеку полесна.

Англичанецот многу брзо постигна и втор гол за 2:0, па на Баерн му преостанаа уште 30 минути за да ја поправи својата гол-статистика.

Баварскиот великан постигна уште два гола до самиот крај на мечот, еден на Кејн кој комплетираше хет-трик, како и еден на резервистот Кингсли Коман.

Поради подобрата гол разлика, Баерн е прв на табелата во Бундеслигата со 17 освоени бода, исто колку што има и РБ Лајпциг на нашиот Елиф Елмас.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни