Поврзете се со нас

Европски првенства

Кејн со големи комплименти: Белингам е најдобриот фудбалер во историјата на Англија

Објавено

на

foto: x.com/HKane

Англија ја совлада Словачка со 2-1 по 120 минути игра и обезбеди место во четвртфиналето на Европското првенство каде ќе ги одмери силите со селекцијата на Швајцарија.

Играч на натпреварот беше Џуд Белингам кој во самата завршница, последните секунди од судиското продолжение даде атрактивен гол со ножички за 1-1 по што го однесе дуелот во дополнителни 30 минути каде Хари Кејн стрелаше и го однесе националниот тим во следната фаза на натпреварувањето.

Токму членот на Баерн Минхен испрати навистина големи зборови за Белингем порачувајќи дека е најдобриот играч во историјата на Англија.

-Белингам е најдобриот во историјата на нашата земја. Каков играч е тој. Тој работи толку напорно. Тука е кога е важно. Тоа го направи денеска.

-Во ова натпреварување треба да најдете начин да победите. Овој тим знае како да „копа длабоко“. Можевме да одиграме подобро. Ама на крајот од денот, резултатот е најважен. Се надевам дека ќе продолжиме вака, -порача Кејн.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни