Поврзете се со нас

Германија

Кејн се огласи на социјалните мрежи: Не се кријам после тешката недела (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен за првпат од 2015-та година врза серија од три порази во низа, но оној последниот од Бохум е убедливо најзасрамувачки за актуелниот германски шампион.

Баварците играат навистина очаен фудбал во дефанзивен поглед и примаат голови на секој натпревар, а трите погодоци во мрежата на Нојер на вчерашното гостување кај Бохум направија Баерн сега да има невозможна мисија кога е одбрана на титулата во прашање.

Баерн ја освојува титулата во домашното првенство 11 години по ред, но судејќи по формата на Баер Леверкузен и разликата од осум бода, овој тим на Тухел не изгледа како колектив кој би надокнадил таква разлика во преостанатите 12 рунди.

Ако не се поправи сликата и на реваншот против Лацио, Баерн ќе ја заврши сезоната без освоен трофеј, а во таква ситуација дефинитивно најголем сеир ќе трпи Хари Кејн кој притигна од Тотенхем како голема ѕвезда, но со јасна цел да ја освои првата титула во кариерата.

По поразот од Бохум, Англичанецот одново беше еден од најкритикуваните од германската јавност, но тој реши да не се крие и излезе со објава на социјалните мрежи.

– Не се криеме од тешката недела со перформанси и резултати кои не се на нивото кое се очекува од нас. Мора да се сплотиме како група, да туркаме заедно напред бидејќи доаѓа голема серија на важни натпревари на кои може да направиме пресврт, – порача Кејн.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни