Поврзете се со нас

Германија

Кејн погоди со глава од 11 метри и постави историски рекорд, Гираси се врати за да и пресуди Борусија (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Томас Тухел дефинитивно не може да биде задоволен што неговиот Баерн прими два гола од Хајденхајм и дојде до нервоза на „Алијанц арена“, но дефинитивно може да биде горд на англиската гол-машина која ја доби изминатово лето.

Хари Кејн поставува нови граници во германскиот фудбал и со денешниот блесок стигна до 17-от гол во Бундеслигата од стартот на сезоната, учинок каков што не се памети никогаш претходно.

Кејн е првиот играч кој постигнал 17 гола по 11 одиграни кола во првата германска фудбалска лига, па со тоа го надмина Роберт Левандовски кој имаше постигнато 16 на толку натпревари.

Англискиот репрезентативец го отвори резултатот во 14-та минута кога одлично се снајде во шеснаесетникот, а потоа погоди со глава од 11 метри и зголеми на 2:0. Овој резултат беше активен до 67-та минута кога Клеиндинст намали на 2:1, а три минути подоцна веќе беше 2:2 кога постигна гол и Бесте.

Гереиро брзо ги смири нервозните навивачи на Баерн со гол за 3:2, а во завршницата Чупо Мотинг ги постави конечните 4:2. Во истиот термин денеска, дерби се играше во Штутгарт, каде истоимениот тим со превсрт успеа да ја победи Борусија.

Гостите од Дортмунд поведоа со голот на Фулкриг, но Ундав израмни на 1:1 до крајот на првиот дел, а потоа влезе повратникот Гираси и со гол од пенал и пресуди на Борусија (2:1).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни