Поврзете се со нас

Лига на нации

Кејн по 50. во дресот на Англија: Сакам да давам голови, секогаш ми е драго…

Објавено

на

Репрезентацијата на Англија остана непоразена на гостувањето во Минхен кај Германија во Лигата на нации, а за тоа најзаслужен е Хари Кејн.

Напаѓачот на Тотенхем се избори за пенал во 88 минута по што ја презема одговорноста и ја затресе мрежата на Мануел Нојер за конечни 1-1. Ова за Кејн беше 50. гол во репрезентацијата со што стана втор играч со ваков (50+) учинок во национланиот тим по Вејн Руни.

-Сакам да постигнувам голови. Отсекогаш тоа сум го сакал особено кога се работи за мојата земја. Секогаш кога можам да му помогнам на тимот, ми е драго поради тоа, -рече Хари кој потоа говореше за тимот.

-Навистина е важно да се покаже менталитет. При негатива од 1-0, покажавме добар карактер за да се вратиме во игра и да постигнеме резултат. Игравме против многу добра Германија. Имаме уште важни натпревари, но СП ќе дојде многу брзо.

-Продолживме и го одигравме нашиот најдобар фудбал во последните половина час. Ќе беше штета да не дадаме гол, -истакна напаѓачот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни