Поврзете се со нас

Германија

Кејн: Ова не е сезоната која ја посакував, но…

Објавено

на

foto: twitter.com/HKane

Хари Кејн пристигна како големо засилување за Баерн Минхен пред почетокот на оваа сезона и ако се погледнат неговите бројки тој го испорача она што се очекуваше од него, меѓутоа резултатите на клубот се далеку од оние кон кои цели германскиот великан,

Баерн на добар пат е да ја изгуби титулата во Бундеслигата, доживеа срамна елиминација од Сарбрикен во Купот, не успеа да триумфира ниту во Супер Купот, односно единствената можност за пехар е Лигата на шампионите што ќе биде исклучително тешко со оглед на противниците и „костурот“ каде што се наоѓа составот од Минхен.

Меѓутоа без разлика на ова Кејн нема никакви дилеми околу неговата иднина.

-Навистина уживам во моето искуство во Германија. Тоа беше чекор што ми требаше во кариерата за нов стимул, нов предизвик и ново опкружување и навистина сум среќен што го направив овој потег. Мојата иднина е во Баерн Минхен. Имам четиригодишен договор. Уживам и се надевам дека ќе можам да направам нешто посебно да се случи оваа сезона. Ако не, ќе бидам подготвен да одам повторно во лето и да ги свртам работите.

-Се разбира, ова не е сезоната што ја посакував со начинот на кој помина лигата и начинот на кој испаднавме од купот. Тоа е натпреварување во кое клубот сака да победи. Неосвојувањето на Бундеслигата е тешка таблета за голтање и го прави ова натпреварување уште поважно, но знаеме дека има уште долг пат да се направи. Мораме да го најдеме тоа заедништво и тимска етика каде што ги добиваме натпреварите бидејќи тоа не го направивме доволно оваа година. Ова беше разочарувачка сезона во Бундеслигата во споредба со она што го направи Леверкузен, -порача Кејн по ремито со Арсенал на „Емирејтс“ (2-2).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни