Поврзете се со нас

Германија

Кејн: Неверојатна победа, сакаме да ја освоиме ЛШ

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен го совлада Арсенал со 1-0 и со вкупни 3-2 избори пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите каде ќе ги одмери силите со Реал Мадрид, тим кој пак го елиминираше актуелниот шампион Манчестер Сити.

Голот на Кимих беше доволен за бундеслигашот за голем триумф, задоволство и радост, победа која му беше повеќе од потребна на великанот со оглед на тешката сезона кога се во прашање домашните натпреварувања.

-Ова е неверојатна победа. Ова е тешка сезона за нас. На моменти моравме да се бориме,  знаевме дека можеме да ја направиме разликата со нашите навивачи дома. Тежок натпревар, тесен натпревар. Тоа беше одличен гол на Кимих. Да се пласираме во полуфиналето е големо достигнување за нас и можеме да уживаме во тоа.

-Мислам дека во овие типови на натпревари првото полувреме е секогаш малку лошо. Рековме на полувремето дека сакаме да го зголемиме темпото, да бидеме агресивни. Имавме некои стативи и можевме да си олесниме, но овие игри се секогаш тешки и само треба да ги поминете. Очекувањата тука се да се обидеме да ја освоиме Лигата на шампионите. Ја освојувавме лигата 11 години по ред, па можеби недостасуваше малку темпо. Тоа не може да се случи. Сега треба да уживаме во Лигата на шампионите и да се обидеме да се подготвиме за сабота, -порача Хари Кејн.

Сега Баерн има две средби во Бундеслигата пред да се соочи со Реал во полуфиналето на ЛШ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни