Поврзете се со нас

Германија

Кејн „несакајќи“ откри дека користи пиратски канали, Анри, Карагер и Ричардс се прснаа од смеа (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Студиото на „Си-Би-Ес“ традиционално е најрасположено кога има натпревари во Лигата на шампионите, а особено интересни се ситуации кога трите познати ѕвезди интервјуираат актулните фудбалери.

Тјери Анри, Џејми Карагер и Мика Ричардс се извонредна поддршка на водителката Кејт Абдо, па токму тие тројца се погрижија за нова урнебесна сцена.

Хари Кејн даваше коментар за својот добар натпревар кој го одигра против Лацио, а во моментите кога му се заблагодари на Тјери Анри за зборовите кои му ги посвети во понеделникот, автоматски откри дека го гледал шоуто на „Скај Спортс“.

Легендите се запрашаа како Кејн гледа англиска телевизија додека е во Германија, по што напаѓачот „несакајќи“ откри дека користи пиратски канали.

Карагер му го потенцираше тоа и се прсна од смеа, а рамнодушни не останаа и Ричардс и Анри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни