Поврзете се со нас

Германија

Кејн не размислува на најцрното сценарио и си постави голема цел до крајот на сезоната

Објавено

на

Хари Кејн пристигна во Баерн Минхен да ја почувствува сласта на титулите кои немаше можност да ги освои во Тотенхем, но сега фановите на баварскиот тим стравуваат дека лошата среќа на Англичанецот може да се префрли и на „Алијанц арена“.

Баерн остана надвор од игра во Купот и единствена шанса за трофеи има во домашното првенство и Лигата на шампионите, цели кои во овој момент не изгледаат воопшто едноставно со оглед на конкуренцијата.

Патот во Лигата на шампионите секогаш е многу тежок и исполнет со непријатни предизвици, но за разлика од обично, Баерн сега е жестоко тестиран и во Бундеслигата.

Баер Леверкузен е прв на табелата како единствен непоразен тим од стартот на сезоната, а воочи големото дерби меѓу Баер и Баерн кое се игра наредниот викенд, Кејн беше запрашан дали размислува на продолжува на црниот пост без освоен трофеј.

– Јас се чувствувам самоуверено како играч на Баерн. Овој клуб ја освои Бундеслигата 11 години по ред и пре неколку години ја освои и Лигата на шампионите. Не размислуваме на ништо друго, освен на освојување на овие два трофеи. Фокусот е да се освојат двата турнири и тоа е цел на секој вработен во клубот, – изјави Кејн.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни