Кејн: Можевме да се свиткаме по 2-0, но ние покажавме карактер

kejn aplauz

Тимот на Тотенхем се избори за реми на вечерашната прва пресметка со Јувентус во Лигата на шампионите иако по само 9 минути игра беше во негатива од 2-0.

Сепак премиерлигашот не се исплаши, одговори на предизвикот и дојде до 2-2, па пред своите гледачи на „Вембли“ ќе се обиде да дојде до резултат кој ќе го однесе меѓу осумте најдобри во елитното друштво.

-Ние можевме да се свиткаме по негативата од 2-0 во оваа фаза на гостински терен во ЛШ, но ова го покажува карактерот на тимот, -истакна напаѓачот Хари Кејн.

-Ова беше одлична изведба потоа, заслуживме да се вратиме во натпреварот. Кога ќе погледнете, два гостински гола, реми со кое се враќаме на „Вембли“, тоа е одличен резултат. Имав шанса за гол со глава пред погодокот, тоа требаше да го реализирам. Ама почекав до следната можност, Али ми даде добра топка која успеав да ја искористам. Тоа не врати во игра, беше многу важно, -додаде Кејн.

Facebook Коментари