Поврзете се со нас

Германија

Кејн расположен за голови, Баерн не дозволи неизвесност на дуелот со Штутгарт

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/FCBayern

Хари Кејн постигна два гола, а Баерн Минхен без проблеми издоминира (3:0) против незгодниот Штутгарт во денеска најинтересниот натпревар од германската Бундеслига.

Домаќините го отворија резултатот уште во 2. минута кога Кејн првпат реализираше, а англискиот репрезентативец ја најави победата со вториот гол, постигнат во 55. минута.

Меѓу двата гола на Кејн на Баварците им беа поништени два гола со ВАР, но Штутгарт не успеа да го искористи тоа, ниту пак да направи нешто повеќе откако имаше поголема негатива.

Дефанзивецот Ким стави точка на неизвесноста со својот прв погодок во Бундеслигата, со што Баерн го задржа чекорот зад лидерот Баер Леверкузен.

Тимот на Томас Тухел има четири бода помалку од лидерот, но и натпревар помалку поради одложената средба со Унион Берлин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни