Поврзете се со нас

Германија

Кејн испорача „хет-трик“, Баерн продолжи да победува во Бундеслигата (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/FCBayern

Екипата на Баерн Минхен оствари победа над Аугзбург (3-0) во првата средба од 11. коло во германската Бундеслига.

Баварците доминираа, имаа повеќе од играта, ама на крајот остварија повеќе од убедлив триумф ако се земе предвид дека 93 минута водеа само со 1-0.

Имено домаќиниот го отвори резултатот во 63 минута преку удар од белата точка кој го искористи Хари Кејн. Лидерот доби уште еден пенал во судиското продолжение кој во гол одново го претвори англискиот репрезентативец за да во 95 минута Кејн со хет-трик стави крај на „Алијанц Арена“.

Сега четата на Компани има дури девет бода повеќе од второпласираниот РБ Лајпциг, тим пред кого е соочување со Хофенхајм без нашиот ЕЛиф Елмас кој е повреден.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни