Поврзете се со нас

Европски првенства

Кејн испиша историја на големите натпреварувања (ФОТО)

Објавено

на

foto: x.com/England

Англија ја совлада Холандија со 2-1 и обезбеди место во големото финале на Европското првенство во меч во кој еден од погодоците беше дело на Хари Кејн.

Напаѓачот на Баерн Минхен се избори за удар од 11 метри, пенал кој го реализираше, гол пак кој му донесе испишување на нова страница, историја на големите натпреварувања.

Ова за Хари беше шести погодок во накаут фазата на ЕП со што стана најдобар во оваа категорија.

Воедно ова за него беше 9 гол во нокаут рундата на ЕП и СП со што ги надмина Герд Милер, Мирослав Клозе, Антоан Гризман и Килијан Мбапе, поточно е број еден кога се работи за асовите кои доаѓаат од стариот континент.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни