Поврзете се со нас

Европски првенства

Кејн: Имаме докажани изведувачи на пенали и тоа се потврди

Објавено

на

Капитенот на англиската репрезентација Хари Кејн го коментираше пласманот на Гордиот Албион во полуфиналето на ЕУРО 2024 година.

Англичаните по голема борба и дури по изведување пенал ги совладаа Швајцарците и се пласираа во полуфиналето на ЕП.

„Уште еден тежок натпревар и пред се голема издржливост на момците уште еднаш да се вратат од негативата. Тоа беше фантастичен финиш на Букајо Сака. После тоа, пеналите се пенали, не шутирав, но се чувствував удобно меѓу момчињата“, изјави Хари Кејн за Би-Би-Си по натпреварот.

Капитенот на Гордиг Албион ја напушти играта во 109. минута и не можеше да шутира пенал, но Англичаните и без него имаа прецизни изведувачи од 11 метри. Сите пет пенали беа успешни – Палмер, Белингем, Сака, Тони и Александар-Арнолд.

„Веруваме во кој и да е на теренот, а разликата оваа година во однос на претходните е што имаме докажани изведувачи на пенали – имаме многу поголемо искуство и тоа уште еднаш го покажавме“, истакна Хари Кејн.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни