Поврзете се со нас

Европски првенства

Кејн им одговори на легендите: Многу добро знаат колку е тешко да се игра за Англија…

Објавено

на

foto: x.com/England

Англија освои четири бода на првите две средби на Европското првенство, но избраниците на Саутгејт одиграа навистина лошо, под очекувањата и ако нивните противници Србија и Данска имаат подобра завршница на нивните акции сега ќе беа во многу тешка ситуација.

Овие партии донесоа големи критики за националниот тим од јавноста, легендите, а тие дефинитивно допреа до играчите, па преку капитенот Хари Кеј беше испратена порака, одговор кој се однесуваше пред се на Гери Линекер.

-Несакам да покажам непочитување кон било кој играч особено кон играч кој го носел дресот и знае како е да се игра за Англија. Секогаш чувствувам дека [поранешните играчи и експерти] имаат одговорност. Знам дека мора да бидат искрени и да го дадат своето мислење, но исто така имаат одговорност како поранешни играчи на Англија.

-Заклучокот е дека ние не сме освоиле ништо како нација долго, долго време. И знаете многу од овие поранешни играчи беа дел од тоа… тие знаат дека е тешко да се игра на овие големи турнири. Тешко е да се игра за Англија, -порача Кејн.

Англија нема освоено трофеј на големите турнири од 1966 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни