Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Кејн го „закопа“ Карагер: Тоа не е точно, нема да лажам…(ВИДЕО)

Објавено

на

Хари Кејн со два гола беше најзаслужен што Баерн Минхен го победи Лацио (3-0) и со тоа обезбеди пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Напаѓачот даде по еден гол во двете полувремиња, а по натпреварот имаше едно интересно интервју, краток разговор со екипата на „Си-Би-Ес Спортс“ од која дел се Тјери Анри, Мајка Ричардс, Џејми Карагер и Кејт Абдо.

Имено Карагер се фалел дека бил во постојана комуникација со Кејн во изминатиов период, па водителката Абдо ја запраша ѕвездата на Баерн дали е тоа точно, а голгетерот беше многу искрен и одговори:

-Тоа е лага, извини Џејми, -рече Кејн по што падна смеа во студиото.

-Не ми го прави ова! На сите во Америка им кажувам дека сме пријатели, дека имаме одлична врска. Не можам да верувам дека ова ми го направи, -истакна Карагер.

-Ние сме пријатели, но нема да лажам на национална телевизија, -одговори Хари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни