Поврзете се со нас

Англија

Кејн го скрши Барнли, Тотенхем го истурка Арсенал од четвртата позиција (ВИДЕО)

Објавено

на

Фудбалерите на Тотенхем остварија победа над Барнли од 1-0 во првата средба од денешната програма во Премиер лигата.

На избраниците на Антонио Конте им беше повеќе од потребен овој триумф, триумф кој го остварија и најмалку до утре ќе бидат на четвртата позиција на табелата која води во Лигата на шампионите во наредната сезона.

„Петлите“ упатија повеќе удари од гостинот, повеќе ја имаа топката во свои нозе, но на крајот како решевачки се покажа пеналот кој во финишот на првото полувреме го реализираше Хари Кејн. Со помош на ВАР беше потврден удар од 11 метри кој во гол го претвори Кејн.

Тотенхем сега има 68 бода или два повеќе од Арсенал кого утре го очекува незгодно гостување кај Њукасл.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни