Поврзете се со нас

Англија

Кејн го избра најубавиот гол во досегашната премиерлигашка кариера (Видео)

Објавено

на

Хари Кејн уште лани стана само десетти фудбалер кој постигнал 150 голови во англиската Премиер лига, а на задоцнетото доделување на специјалниот трофеј за ова голгетерско достигнување зборувал и за омилениот гол во досегашната кариера.

Кејн го избрал погодокот постигнат против градскиот ривал Арсенал, во март 2016 година.

– Само што израмнивме, навивачите беа на нозе, атмосферата беше жешка, а постигнувањето на таков гол беше неверојатно. Еден од моите технички најдобри голови, а и моментот беше специјален, – изјавил Кејн.

Напаѓачот на Тотенхем стигна до бројката 150 уште во ноември 2020 година, а во меѓувреме стигна и до 164 голови во Премиер лигата, а денеска изјавил дека очекува да ја зголемува бројката и својот пласман меѓу најдобрите голгетери во лигата.

Со уште 12 постигнати голови, Кејн ќе го престигне Тјери Анри на шестото место на најдобри стрелци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни