Поврзете се со нас

Европски првенства

Кејн: Го имаме она што го имаа сите шампионски тимови

Објавено

на

foto: x.com/England

Англија успеа да ја совлада Швајцарија на пенали и со тоа обезбеди место меѓу четирите најдобри на 17. Европско првенство.

Англичаните повторно се мачеа, бркаа негатива на противникот, поточно преку Сака се изборија за дополнителни 30 минути во кои немаше промена на резултатот, па решаваа ударите од 11 метри каде трагичар беше Аканџи кој шутираше лошо во првата серија и тоа го искористи голманот Пикфорд.

Иако не блескаат во таборот на „гордиот албион“ се задоволни од тоа како напредуваат, се движат работите за нив.

-Па, ние сме во полуфинале, така што ни оди прилично добро. Мислам дека го одигравме најдобриот натпревар на овој турнир. Игравме против навистина добар тим. Швајцарија ни правеше проблеми во некои периоди, но и ние на нив. На момците треба да им се даде голема заслуга што се вратија од негатива од 1:0.

-Покажавме голема цврстина во текот на целиот турнир. Кога ќе ги погледнете шампионите на големите турнири, тие главно ја покажаа таа особина – цврстина. И ние имаме многу од тоа, -порача капитенот Хари Кејн.

Ривал на „трите лава“ во полуфиналето ќе биде Холандија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни