Поврзете се со нас

Англија

Кејн ги искритикува колегите, селекторот Карсли му одговори

Објавено

на

Англија се соочува со Грција и Република Ирска во Лигата на нации, два натпревари за кои откажаа доста играчи, па „гордиот албион“ во доста изменет состав ќе се обиде да дојде до посакуваните резултати.

Грилиш, Фоден, Александер-Арнолд, Сака, Рајс, Палмер…се само дел од играчите кои се недостапни поради повреди или не се комплетно фит, односно тоа е наведено како причина, нешто што не му се допаѓа на напаѓачот Хари Кејн кој смета дека се искористува актуелнава ситуација, поточно испрати критики.

-Мислам дека Англија е пред се. Таа е пред клубот и е најважно да играте како професионален фудбалер. Да, мислам дека е тежок период од сезоната и можеби тоа е малку искористено. Не ми се допаѓа ако сум целосно искрен. Мислам дека како што кажав, Англија е пред се, секоја клупска ситуација. Радост да се игра за Англија. Мислам дека Герет го врати тоа. Секој камп, луѓето беа возбудени да дојдат и играат за Англија и да тоа е најважното нешто, -порача Кејн.

Ова дефинитивно допре до привремениот селектор Ли Карсли кој кратко искоментира:

-Тоа е негово мислење. Можам да се справам само со она што е пред нас. Ноември е предизвикувачки прозорец. Во минатото имавме осум до девет откажувања. Дефинитивно ова е тој период од сезоната каде уморот и малите повреди имаат удел. Мислам дека тоа е брилијантна можност за другите играчи кои беа надвор од тимот и сега тоа е нивна шанса, -рече Карсли.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни