Кејн доби директно прашање за Реал Мадрид по победата на Англија над Шпанија (Видео)

kane-sterling

Хари Кејн одигра исклучително важна улога на вчерашниот меч во Лигата на нации кој го одиграа Шпанија и Англија, бидејќи докажа дека може да биде клучен на теренот и во ситуација кога не постигнува голови.

Најдобриот голгетер на Англичаните беше асистент на вториот и третиот гол кои ги постигнаа гостите од Островот, а напаѓачот на Тотенхем беше мета на новинарот на „Марка“ по крајот на средбата, односно во моментите кога го напушташе стадионот во Севилја.

Кејн доби директно прашање дали сака да игра за Реал Мадрид, а Кејн со својот одговор им остави на медиумите да шпекулираат за неговата иднина.

– Не денеска, жалам…. порача Хари кој одлучи да не излезе со јасен став на ова доста непристојно прашање.

Facebook Коментари