Поврзете се со нас

Европски првенства

Кејн директен: Ова е повик за будење, нема да биде лесно како што мислат луѓето

Објавено

на

Англиската фудбалска репрезентација забележа шокантен пораз од Исланд на „Вембли“ во генералката пред Европското првенство на кое тие се наоѓаат во групата Ц во која ќе ги одмерат силите со Данска, Србија и Словенија.

Повеќе од јасно е дека „гордиот албион“ ќе мора да го крене нивото на игра, па на поразот од Исланд капитенот Хари Кејн гледа како на добро предупредување, повик за будење пред стартот на шампионатот.

-Ова може да биде убав повик за будење за сите да сфатат дека нема да биде толку лесно како што мислат луѓето. Има многу работа. Понекогаш, ви треба овој повик за будење. Има делови кои треба да ги подобриме, особено со нашиот притисок. Натпреварите во група ќе бидат многу слични на ова. Ќе мора да се браниме добро, особено на долги топки, а со топката треба да бидеме малку потрпеливи. Тоа е она на кое треба да се погледне назад.

-Паднавме под нашите стандарди без топка и тоа е нешто што мораме да го прегледаме и да се подобриме. Имавме моменти каде што бевме добри и игравме навистина убав фудбал и создадовме неколку добри шанси. Ама особено против овие типови на тимови, мора да бидете поефективни. Веројатно немаше доволно глад во дуелите, во вторите топки и да ги добиеме. Тие се голем важен дел кога играте со овие тимови, за да го одржите притисокот и навистина да ги задушите. Не го направивме тоа добро, -порача Хари.

„Трите лава“ првенството ќе го започнат на 16 јуни и тоа против Србија во терминот од 21 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни