Поврзете се со нас

Европски првенства

Кејн даде коментар за спорниот пенал: Понекогаш добивате……..

Објавено

на

Foto:x.com/England

Хари Кејн му го отстапи местото на Оли Воткинс и во тој момент се чинеше дека тоа е многу ризичен потег на Герет Саутгејт, но десет минути подоцна се покажа дека тоа е одлука која и донесе победа на Англија.

Напаѓачот на Астон Вила ги дочека првите минути во нокаут рундата дури во полуфиналето, меѓутоа Воткинс го дочека својот момент и се претвори во голем англиски херој со голот за 2:1 во 90-та минута.

Оли и пресуди на Холандија и ја одведе Англија во второ последователно финале на Европското првенство, а новиот национален јунак доби големи пофалби од капитенот Хари Кејн.

– Ова е историја за нас, огромене успех, горд сум на секој член во тимот. Сега ни преостанува уште еден чекор, ќе дадеме се што имаме во недела. Воткинс? Зборуваме за тоа дека сите се важни во тимот. Сите треба да бидат подготвени, ова е голем тим и секој треба да биде подготвен. Може да добиете пет, една минута, но за тоа време може да се направи разлика. Еден потег може да реши цел турнир. Оли ја чекаше својата шанса, беше трпелив и ја дочека. Тоа што го направи беше извонредно, – изјави Кејн, кој се огласи и за пеналот кој за многумина беше доста спорен.

– Пеналот? Моето стапало висеше во воздух и дефинитивно добив удар. Понекогаш добивате пенал, понекогаш не. Среќен сум што истапив и што ја сместив топката во мрежата од белата точка. Тоа беше одличен момент кој не врати во мечот, – додаде Кејн.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни