Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Кејлор Навас во невидено издание: Му здосади на голот, па почна да игра како лев бек во ЛШ (Видео)

Објавено

на

Кејлор Навас важи за голман кој речиси никогаш не сака да ризикува и човек кој не е фан на излетувањата од својот шеснаесетник, но вчера за момент подзаборави на ваквото правило и можевме да го видиме во улога на лев бек.

Костариканскиот чувар на мрежата се издвојува со своите страшни рефлекси, но во ситуација кога се верува дека играта со нога не е негова предност во модерниот фудбал, ни презентираше нешто сосема спротивно.

ПСЖ имаше императив да победи на гостувањето во Турција кај Башакшехир и го направи тоа со двата кола на Моизе Кин, а во самата завршница на мечот, Кејлор Навас се истакна и со едно расчистување на опасноста со необичен стил.

Обично, Кејлор го прави тоа со деганжирање на топката надвор од својот шеснаесетник, но овојпат одлучи да има мал излет како лев бек, со тоа што мора да се напомене дека навистина добро ја изведе акцијата и ја додаде топката до својот соиграч.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни