Поврзете се со нас

Свет

Кејлор Навас: Секогаш ќе им бидам благодарен на фановите на Реал Мадрид, но не и на…….

Објавено

на

Во својата прва сезона како голман на ПСЖ, Кејлор Навас стигна до големото финале во Лигата на шампионите и потенцира дека тоа било ново големо искуство за него, бидејќи претходно како член на Реал Мадрид ниту еднаш не загуби на така важен меч во најелитното натпреварување.

Костариканскиот чувар на мрежата воопшто не се кае што го избра ПСЖ како следна дестинација откако стана јасно дека ќе му биде резерва на Тибо Куртоа, но иако мина фантастични пет години на „Сантијаго Бернабеу“ каде освои дури три титули во Лигата на шампионите, тој се уште смета дека одредени луѓе во клубот не верувале во него.

– Кога пристигнав во Реал Мадрид, моја цел не беше да докажам дека сум подобар од Икер Касилјас. Немав намера да се обидувам на такво нешто, не сакав да имам подобра кариера од него. Едноставно, се обидов да го искористам моментот и да ја искористам шансата која ја добив.

– Работев напорно, чесно и го давав најдоброто за тимот. Истото го правам и воп Париз, секогаш моја цел е да и помогнам на групата, навивачите да уживаат во успесите на тимот.

– Мора да порачам дека во Франција повеќе ги ценат моите квалитети. Иако бев долго во Шпанија, постојано чувствував дека дел од клубот не веруваше комплетно во мене, немаше доволно голема верба во мене. Секогаш ќе им бидам благодарен на фановите на Реал Мадрид, тие се однесуваа фантастично со мене и ми даваа поддршка од првиот ден и се уште ми даваат, но истото не беше и со луѓето од клубот, – вели Кејлор за магазинот на ПСЖ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни