Англија
Кејлор Навас реализираше трансфер во Премиер лигата во последен час и конечно избега од ПСЖ (Фото)

Кејлор Навас беше во незавидна ситуација цели шест месеци по доаѓањето на Кристоф Галтие во ПСЖ, но откако не успеа да си пронајде нова средина минатото лето, сега трепереше до последен момент и во зимскиот преоден рок.
На крајот, искусниот Костариканец сигурно ќе биде далеку позадоволен од јануарскиот трансфер пазар, бидејќи во последните минути беше и официјално комплетиран неговиот трансфер во Премиер лигата.
Кејлор Навас го засили Нотингем Форест и ќе биде прв голман на „шумарите“, кои во завршницата од преодниот рок го доведоа и Џонџо Шелви од редовите на Њукасл.
По потврдата на Шелви, Нотингем со голема возбуда го официјализираше и последното зимско засилување, а во своето соопштение образложи дека Кејлор Навас доаѓа како огромно засилување до крајот на сезоната.
Кејлор ќе игра како позајмен фудбалер до крајот на сезоната, па во наредните месеци ќе има една поинаква задача од онаа која навикна во Реал Мадрид и ПСЖ, бидејќи со своите соиграчи ќе се бори за опстанок во Премиер лигата.
Keylor Navas is a Red. 😍
Your new home awaits. 🏡
— Nottingham Forest FC (@NFFC) January 31, 2023
-
Македонијапред 12 часа
Не ја заборава старата љубов: Елмас се појави на тренинг на Работнички (ФОТО)
-
Лига на шампионипред 9 часа
Реал би бил најголем губитник: Како ќе беа распоредени титулите во ЛШ со употреба на ВАР од самите почетоци (ФОТО)
-
Англијапред 23 часа
Клучниот играч на Тотенхем му се извини на Конте: Си замина поради мене…..
-
Германијапред 21 час
Мане бил детонатор на отказот кој го заработи Нагелсман
-
Италијапред 20 часа
Наполи има јасен план: Титула во Серија А, па средба со Елмас
-
Шпанијапред 19 часа
Таткото на разочараната ѕвезда на Барса: Чави си има свои причини, но јас сум бесен како родител
-
Светпред 22 часа
Лаутаро се посрамоти со нереално промашување пред празен гол, Меси постигна хет-трик во едно полувреме (Видео)
-
Шпанијапред 23 часа
Ѕвездата на Сити огорчена од играта на Шкотска: Вистинско ѓубре, ова не е фудбал……