Кејлор Навас му одговори на Куртоа преку Инстаграм (Фото)

kejlor-sin

Тибо Куртоа во текот на вчерашниот ден беше претставен како нов играч на Реал Мадрид, а за време на обраќањето кое го имаше на првата прес-конференција, белгискиот чувар на мрежата јасно стави до знаење дека доаѓа во тимот за да му го украде стартното место на Кејлор Навас.

Куртоа на пресот потенцираше дека и при враќањето во Челси пристигна во слична ситуација и потсети дека му го зазема стартното место на Петр Чех, но Кејлор со својта објава на социјалните мрежи без никаков сомнеж нагласи дека не планира да го отстапи своето место без борба.

Костариканскиот чувар на мрежата беше пропратен дел од сите големи успеси на тимот под водство на Зинедин Зидан, па сега кога за првпат доби исклучително сериозна конкуренција, не планира да ги спушти рамената и да се задоволи со резервниот статус.

– Не се вртам ниту за да земам здив. Феноменален ден на работа, – напиша Навас како одговор на прозивката од Куртоа откако за првпат одработија еден тренинг заедно.

Facebook Коментари