Кејхил депримиран како никогаш: Уништен сум, еден корнер донесе толку тешки последици (Фото)

kejhil-mason

Хал Сити преку официјално соопштение во текот на вчерашниот ден со големо жалење објави дека Рајан Мејсон мора да стави крај на својата играчка кариера поради тешката повреда на главата, вест која секако ги разочара фановите на Премиер лигата, а истовремено го депримираше и играчот кој го имаше кобниот дуел со него.

При судир на главите со Гери Кејхил, Мејсон го извлече подебелиот крај во јануари минатата година и од „Стемфорд Бриџ“ беше итно одведен на операција на черепот, а по цели 13 месеци рехабилитација и најразлични третмани, повеќе врвни невролози му испратиле јасна препорака дека не смее повеќе професионално да се бави со фудбал.

Оваа вест секако го шокираше Кејхил кој вчера во текот на ноќта му испрати емотивна порака ја Мејсон…

– Уништен сум од вестите кои ги слушнав за Рајан. Борбата за еден корнер е нешто што сме го правеле илјадници пати во нашите кариери, а да има вакви тешки последици по еден голем професионалец како Рајан е срцепарателно. Му ја испраќам сета моја љубов на него и неговото семејство и му посакувам се најдобро во иднина, – гласи пораката на Кејхил.

kejhil-mason1

Facebook Коментари