Италија
Кеита со мајсторски гол ги вознемири фановите во Милано, но Интер реагираше и освои важни три бода (Видео)

Монца останува главен фаворит за преселба во Втората италијанска лига и после солидното издание кое го имаше на „Џузепе Меаца“, од едноставна причина што дозволи пресврт на Интер во ситуација кога водеше со 0:2.
Избраниците на Алесандро Неста ги онерасположија и вознемирија навивачите на Интер во првото полувреме со двата погодоци на Бириндели и Кеита Балде, но веднаш по мајсторскиот гол на поранешниот играч на „нераѕурите“, домаќините возвратија и намалија на 1:2.
Кеита постигна мајсторски гол за 0:2 во 44-та минута и им се извинуваше на навивачите на Интер, но веднаш после тоа, Аранутовиќ најави исклучително возбудливо второ полувреме со гол за 1:2.
Сосема очекувано, Интер фрли се на една карта во напад во вториот дел, па по голот на Чалханоглу во 64-та минута, стана јасно дека Монца ќе ја чека пекол до крајот на мечот.
Фаворитот никако не можеше да се задоволи и со реми исход, а по сериозните налети, како одлучувачки се покажа погодокот на Лаутаро Мартинез кој беше детектиран само од часовникот на судијата.
Иако се чинеше дека интервенција е добра во прв момент, технологијата покажа дека топката сепак ја минала гол линијата, па Интер на крајот победи 2:3 со погодокот на својот капитен.
Интер со овој триумф отиде на плус четири од Наполи, па сега ќе го исчекува епилогот од натпреварот на небесно-сините против Фиорентина.
-
Свет21 час
Атрактивен гол на ветеранот: Мајсторијата на Меси го најави пресвртот на Интер Мајами (ВИДЕО)
-
Англија16 часа
Ова никогаш не му се случило: Салах со негативен рекорд во поразот од Њукасл
-
Шпанија22 часа
Симеоне за неверојатниот пресврт на Барселона: Направив грешка со една измена
-
Балкан10 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Италија22 часа
Мота: Оставка? Тоа е премногу лесно…
-
Англија19 часа
Постекоглу влезе во конфликт со навивач на Тотенхем, Тел мораше да ја смирува ситуацијата (ВИДЕО)
-
Англија17 часа
Руни бил блиску да игра за друга репрезентација: Тоа ќе беше одлично
-
Италија21 час
Гасперини: Судијата го уништи натпреварот со Интер