Поврзете се со нас

Англија

Кеита со извонреден волеј ги воодушеви сите на „Енфилд“, Сити и Саутемптон одиграа луд меч без голови (Видео)

Објавено

на

Ливерпул си ја одработи својата задача во петтата рунда во Премиер лигата и оствари сигурна победа на домашниот „Енфилд Роуд“, стадион на кој домашните навивачи одново уживаа во одличната претстава на избраниците на Јирген Клоп.

„Црвените“ беа доминантни и испратија неколку сериозни закани уште во почетната фаза, но за гол се чекаше се до 43-та минута кога Садио Мане се најде на вистинско место во вистинско време по одбраната на Гуаита.

Мане го постигна својот 100-ти јубилеен гол во дресот на Ливерпул, но денеска стана јасно дека Кристал Палас му е омилена жртва, бидејќи овој денеска беше неговиот 9-ти погодок против овој тим. Во второто полувреме, Мохамед Салах зголеми на 2:0 по еден корнер, а во слична ситуација, мајсторија изрежира резервистот Наби Кеита кој зафати извонреден волеј и ги воодушеви сите на трибините за конечни 3:0 во 89-та минута.

За разлика од Ливерпул, Манчестер Сити не ја оправда фаворитската улога на „Итихад“ и одигра 0:0 против Саутемптон, но резултатот не е отслика за она што се случуваше на теренот.

Саутемптон во секој случај го заслужи освоениот бод, но тоа се случи во доста луди услови, бидејќи второто полувреме беше навистина возбудливо и покрај тоа што немаше регуларен гол. Кајл Вокер доби исклучување и Мос покажа на белата точка, но по прегледот на ВАР, двете одлуки беа поништени и се продолжи со игра.

Во судиското надополнување, Стерлинг постигна гол за 1:0, но истиот беше одново поништен, овојпат поради милиметарски офсајд од страна на англискиот репрезентативец.

По лошиот старт на сезоната, Арсенал денеска ја забележа и втората победа, благодарение на Мартин Одегард чиј гол од слободен удар беше доволен за триумф кај Барнли (0:1).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни