Поврзете се со нас

Шпанија

Кедира за најпотценетиот гениј во Реал: Сите се чудевме кога Перез го продаде

Објавено

на

Foto:instagram.com/sami_khedira6

Сами Кедира беше важен дел од играта на Реал Мадрид и беше дел од тимот кој ја освои толку посакуваната „Ла Десима“ во Лигата на шампиони, период на кој претходеше една тензична ера во која дерби пресметките на „Ел Класико“ беа како воен фудаблски фронт.

Кедира беше еден од „воините“ на Жозе Мурињо и беше задолжен за деструкцијата на играта на Барселона, а навраќајќи се на времето кое не може така лесно да се заборави, Сами потсети и на еден играч кој не доби доволно заслуга за се она што го оствари во кариерата.

– Тие „Ел Класико“ пресметки не можат да се заборават. Тоа беа дуели на Гвардиола и Мурињо, на Кристијано против Меси, на главниот град во Шпанија против Каталонија….. Тоа беа натпревари со максимален интензитет, се играше на неверојатно високо ниво. Емоциите достигнуваа максимум и се играше брутално.

– Барселона беше технички подобра, но ние имавме победнички менталитет и неверојатна тактичка дисциплина. Бевме како воини на теренот, на секој натпревар против Барса се чувствувавме како гладијатори од Рим.

– На тие натпревари сите го баравме Кристијано, за да победите на таков меч, потребен ви е Роналдо кој никогаш не промашуваше. Кога ни беше потребен гол, топката одеше кај Роналдо, но за мене, најспецијален играч во тој Реал беше Месут Озил. Тоа ни го докажа и во моментот кога си замина.

– Кога тој си отиде, сите бевме во неверица и се чудевме. Го прашувавме Флорентино: Зошто го продаде? Тоа го велевме сите, не само јас…. Зачудени беа и Бензема, Роналдо, Рамос. Озил беше фудбалски гениј, магионичар со топката. Јас играв зад него, одблиску гледав како лош пас го претвора во добар прием. Никогаш не видов играч со таква класа и со таков технички квалитет, ова го велам искрено , – вели Кедира во интервјуто за „Марка“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни