Свет
Кедира со совет за Винисиус Жуниор: Ако сака да биде како Меси и Роналдо…
Сами Кедира пет години го носеше дресот на Реал Мадрид, период во кој играше значајна улога во освојување на трофеите во сите конкуренција од Примера, Копа Дел Реј, Лигата на шампионите…
И по неговото засилување кралскиот клуб продолжи да ја збогатува колекцијата на титули, а еден од најзначајните играчи е Винисиус Жуниор. Тој прави разлика на теренот, ја движи играта, постигнува голови, асистира, ама знае да има и моменти, минути во кои влегува во „дупка“, ги провоцира ривалите, навивачите, знае да биде жесток и со судиите што носи многу критики на негова адреса од сите страни.
Кедира е свесен дека неговиот квалитет е неспорен, ама го советува Бразилецот да се смири, да има далеку поголема почит кон сите останати актери пред се на теренот.
-Вини ги менува натпреварите. Кога Мадрид не знае што да прави, му ја дава топката на Винисиус и готово, тој се поправа. Но, морам да додадам една работа: неговиот став понекогаш… изгледа многу лут. Кристијано беше малку таков кога беше млад, но брзо се промени. Ако Винисиус сака да биде како Меси, Зидан, Кристијано, Чави, мора да има малку почит кон противникот, со судиите.
-Тоа мора да се промени. Но, кога зборуваме за фудбалот, тој е број еден, се разбира. Не сум голем љубител на индивидуални награди, но ми се чини дека и двајцата, Родри и Вини, беа најдобри годинава. Ако Вини малку се промени и е повеќе џентлмен и повеќе лидер, ќе освои три или четири Златни топки, -вели Сами за „Марка“.
-
Светски првенства13 часа
Пешевски ветува: Ова е само почеток, ќе гледате уште поборбена Македонија!
-
Шпанија13 часа
Јамал правеше чуда, Барселона испука „петарда“ и во мрежата на Бетис (Видео)
-
Шпанија19 часа
Анчелоти го крена гласот: Сигурно не сум најглупавиот во светот…..
-
Светски првенства14 часа
Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!
-
Италија22 часа
Поразителни бројки за „бјанконерите“: Овој Јувентус е далеку послаб од минатата сезона
-
Шпанија17 часа
Ракитиќ со искрена желба и совет до Реал Мадрид: Се надевам дека оваа порака ќе ја слушне Перез!
-
Англија18 часа
Клоп откри какво шоу ќе приреди доколку Премиер лигата му ги одземе титулите на Сити (Видео)
-
Германија18 часа
„Отпишаниот“ Кариус ќе ја спасува кариерата во престижен германски клуб (Фото)