Поврзете се со нас

Германија

Кедира по 11 години се врати во Германија: Среќен сум што повторно ќе играм во Бундеслигата

Објавено

на

Искусниот играч за врска, Сами Кедира официјално го комплетираше кам-бекот во Германија, Бундеслигата каде ќе го носи дресот на Херта.

Кедира повеќе од една деценија играше надвор од Германија, прво во Реал Мадрид, а потоа и во Јувентус за да сега добие повик од Берлин кој не можеше да го одбие.

-Херта вложи големи напори за да ме добие и ми понуди можност да се вратам во Бундеслигата. Благодарен сум за тоа и искрено не можам да го дочекам моментот кога за прв пат на теренот ќе го носам сино-белиот дрес. Се чувствувам одлично физички би сакал да го искористам искуството што го стекнав последниве години за да му помогнам на тимот и да ја водам Херта до повеќе спортски успеси, -порачи Сами кој ќе го носи дресот со бројот 28.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни