Кедира има „сериозна“ забелешка за креаторите на „ФИФА 18“

Sami-Kedira2

Видео играта „ФИФА 18“ со нетрпение беше очекувана од големиот број фанови во целиот свет, а нејзиното влијание е толку големо што и самите фудбалери се жалат до креаторите за одредени елементи.

Ако Миши Баштуаји се жалеше на својот рејтинг, Сами Кедира испрати малку поинаква забелешка до компанијата „ЕА Спортс“ која е одговорна за „ФИФА 18“. Германецот има конкретна забелешка за својата фризура, односно фактот што во играта е со долга коса, иако како што вели фудбалерот на Јувентус, тој го променил имиџот пред речиси две години.

Facebook Коментари