Поврзете се со нас

Италија

Кеан се отвори за пропаднатиот трансфер: Се чувствував како да го изневерив цело семејство

Објавено

на

Моизе Кеан имаше постигнато договор со Атлетико Мадрид и гледаше еден натпревар на „душекџиите“ на „Метропилитано“, но тоа што требаше да изгледа завршна рутина, на крајот се претвори во голем проблем за напаѓачот.

Кеан не ги мина медицинските прегледи со Атлетико и Шпанците утврдија дека тој има повреда поради која ќе отсуствува до месец март, па на крајот трансферот пропадна во последен момент и напаѓачот се врати во Торино.

Моизе не го криеше разочарувањето што мораше да се врати во клуб кој првично се откажа од него за вториот дел од сезоната, а сега кога е блиску до враќање на терените, се отвори за непријатната епизода во шпанската престолинина.

– Случувањата во Мадрид беа навистина тешки за прифаќање. Еден момент промени се, бев многу разочаран. Се чувствував како да го изневерив целото мое семејство. Мајка ми беше постојано со мене и чувствував како ја изневерувам.

– Сепак, токму мојата мајка ме увери дека животот не завршува тука. Мора да продолжам да работам, да излезам посилен и да се вратам на највисоко ниво. Јас веќе сум возрасен маж, мора да ги прифатам одговорностите и да работам напорно за да ги променам работите во моја корист, – вели Кеан.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни