Поврзете се со нас

Италија

Кеан е жртва на блесокот на Јилдиз во Јувентус, сега е блиску до трансфер во Шпанија

Објавено

на

Моисе Кеан полека се враќа во натпреварувачка форма по последната пауза поради повреда, но одличните настапи на талентираниот Кенан Јилдиз значат дека тој има уште помали шанси за минутажа во продолжение од сезоната.

Затоа италијанскиот репрезентативец прифатил да ги разгледува понудите од заинтересираните клубови, а најинтересна е таа на Атлетико Мадрид.

Шпанскиот клуб посакува освежување во нападот како поддршка за расположениот Алваро Мората, а неговиот поранешен соиграч Кеан може да биде интересна солуција за во зимскиот преоден рок.

Атлетико веќе стапил во контакт со агентите на Кеан, преговорите ќе бидат интензивирани деновиве, но еден од условите за полесна реализација е шпанскиот клуб да се ослободи од еден од своите офанзивни фудбалери.

Една и веројатно најреална опција е Анхел Кореја да го напушти Мадрид, бидејќи за него пристигнала сериозна понуда од Ал Итихад, екипа водена од друг негов сонародник, Марсело Галјардо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни