Поврзете се со нас

Италија

Кеан договорил заем во Шпанија, постои уште една пречка тој да се реализира

Објавено

на

Foto:twitter.com/juventusfc

Моисе Кеан дефинитивно решил да прифати заем за вториот дел од сезоната и планира првпат во кариерата да настапува во шпанското првенство.

Фудбалерот добил зелено светло од Јувентус за привремен трансфер во редовите на Атлетико Мадрид, па речиси се е договорено меѓу инволвираните страни за реализација на овој заем.

Единствената пречка поради која Атлетико не може да го претстави Кеан како нов член е потребата да се ослободи од Анхел Кореја, кој е на излезна врата во шпанскиот клуб.

Се очекува Кореја да прифати понуда од клуб од Саудиска Арабија, со што ќе остави простор за друг напаѓач, а Атлетико решил да го доведе Кеан, кој му беше соиграч на Алваро Мората во Јувентус.

Кеан има императив да добие минутажа по повредата од која се рехабилитираше и во пресрет на ЕП, а во Јувентус тешко ќе добие соодветен простор, најмногу поради блесокот на младиот Кенан Јилдиз.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни