Англија
Казната на Санчо добива нова димензија, престојот на „Олд Трафорд“ му се претвора во вистински кошмар

Џејдон Санчо јавно му одговори на Ерик Тен Хаг и си направи големи проблеми во Манчестер Јунајтед, кои многу веројатно ќе завршат со негова продажба во месец јануари.
Санчо се нарече себеси „жртвено јагне“ откако менаџерот на Јунајтед нагласи дека тој лошо тренирал пред дербито со Арсенал, па откако Џејдон жестоко му возврати на менаџерот, го доведе клубот во ситуација да застане на страна на Холанѓанецот.
Крилниот напаѓач не тренира со првиот тим веќе некое време и во моментов не се гледа крајот на оваа ситуација, за што говорат и последните информации кои пристигнуваат од Островот.
Угледниот „Мирор“ открива дека казната на Санчо добила нова димензија и истата е уште посериозна, бидејќи фудбалерот добил уште неколку серија забрани во изминатата недела.
Не само што не тренира со првиот тим, Санчо веќе не ја ни користел кантината во која се неговите соиграчи, па така мора да јаде и да се дружи со играчите од Академијата. Истото важи и за сите останати простории кои ги користи првиот тим во тренинг комплексот Карингтон, па јасно е дека Санчо доживува вистински хорор во Манчестер во овој момент.
Тен Хаг веќе се докажа како тврдоглав тренер и тешко дека ќе го промени ваквиот пристап, особено во ситуација кога Санчо не изгледа како некој кој сака да се извини.
-
Шпанијапред 22 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Европски првенствапред 23 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Италијапред 20 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Англијапред 9 часа
Тен Хаг призна дека една ѕвезда на Јунајтед посебно се мачи оваа сезона: Ќе зборувам приватно со него
-
Европски првенствапред 22 часа
Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)
-
Шпанијапред 19 часа
Анчелоти со неверојатни пофалби за својот „мотор“ во Реал: Тој е незаменлив и кога не игра на теренот
-
Шпанијапред 23 часа
Чави: Од Атлетико посебно би издвоил еден човек
-
Италијапред 21 час
Рабио и Галјардини ја продолжија „војната“ на социјалните мрежи (Фото)