Казна поради бизарна ситуација: Уругвајската федерација го санкционирала клубот зошто газдата шутирал кокошки

kokoski2

Недела е денот како по обичај се одигруваат натпревари во уругвајското првенство. Така било и со одигрувањето на натпреварот во Примера Дивисион помеѓу тимовите на  домаќинот Феникс и гостите Расинг Монтевидео, кој завршил со победа од 0:1 за гостите.

Гостинските навивачи кои дошле да го бодрат Расинг, по завршувањето како чин на прославата решиле да пуштат кокошки кои биле обоени во зелена и бела боја, односно боите на својот тим.

Но, на директорот на домашниот тим, Гастон Алегари оваа идеја на гостинските навивачи не му се допаднала и почнал да ги шутира кокошките, по што бил фотографиран и фатен на дело од страна на фоторепортерите.

За кратко време, се јавиле и здруженија за права на животните, разочарани од однесувањето на директорот Алегари по што реагирала Фудбалска федерација на Уругвај по што го казнила фудбалскиот клуб Феникс со одигрување еден натпревар надвор од својот стадион.

Kokoski 1

 

Facebook Коментари