Казинс: Овој состав на Лејкерс е неверојатен, кандидати сме за титулата

lejkers

Еден од најдобрите ценетри во НБА лигата, ДеМаркус Казинс во следнава натпреварувачка сезона ќе игра во тимот на Лос Анџелес Лејкерс заедно со Ентони Дејвис и Леброн Џејмс, па затоа е оптимист е дека пред нив е кампања која може да биде многу успешна.

-Тоа е дел од причината зошто сакавме повторно да станеме соиграчи (со Дејвис). Сфативме колку подобри се правевме еден со друг и колку ја направивме играта полесна за нас. И двајцата го цениме присуството на другиот. Ако го додадеме Леброн во миксот, неговото резиме зборува само за себе. Еден од најголемите играчи на сите времиња, ова треба да биде возбудлива сезона, -истакна популарниот Буги кој натпреваручката 2018-2019 ја мина во таборот на Голден Стејт Вориорс.

Лејкерс освен Дејвис и Леброн ќе ги има Кузма, Грин, Бредли, Колдвел-Поуп, МекГи, Карузо, Кук, Дадли, па ДеМаркус гледа состав кој дефинитивно може да ја нападне титулата.

-Составот е неверојатен. Мислам дека добивме многу талентирани парчиња на хартија. На хартија изгледаме легитимно изгледаме дека имаме големи шанси да се натпреваруваме за титулата. Секако дека кошарка не се игра на хартија. Нашата работа е да се здружиме, поврземе и бидеме на иста страница, изградиме хемија и да излеземе и победуваме. На харија изгледаме одлично, -истакна Казинс.

Facebook Коментари