Поврзете се со нас

Англија

Кавани воодушевен од реакцијата на најкритикуваниот играч во Јунајтед: Дисциплината си го направи своето

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Единсон Кавани се опоравува од повредата и се очекува да даде максимален придонес во обидот да се избори за свое место во тимот со новиот менаџер Ралф Рангник, но истовремено, искусниот Уругваец е многу радосен за добрите работи кои му се случуваат на најкритикуваниот играч.

Џејдон Санчо се најде под сериозен притисок откако не забележа никаков учинок во Јунајтед под водство на Оле Гунар Солскјер и во тој период не забележа ниту едно додавање и ниту еден гол, но на последните два меча со Керик, постигна два погодоци и се покажа како клучен на средбите со Вилјареал и Челси.

Санчо конечно го скрши мразот и тоа сигурно е огромно олеснување за него, но и за неговите соиграчи кои беа убедени во талентот и квалитетот на доскорашениот фудбалер на Борусија.

– Навистина сме многу среќни за Џејдон, ова беше тежок период за него, но фудбалот знае да биде таков, знае да биде суров. Кога достигнувате некое ниво во фудбалот, јавноста има огромни очекувања од вас и постојано се вртат прашања околу таков фудбалер.

– Понекогаш, во фудбалот најважно е да останете мирен и професионален, да продолжите да тренирате кога работите не одат како што треба. Санчо го направи тоа и напорната работа на крајот се исплати. Континуитетот и дисциплината се тука, тоа е единствениот начин да излезете од негативна серија. Свесни сме дека тој може да прави големи работи за клубот и лично му посакувам се најдобро во Манчестер Јунајтед, – вели Кавани во интервјуто за официјалната телевизија на клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни