Поврзете се со нас

Лига Европа

Кавани со фантастичните партии против Рома влезе во историјата на европските натпреварувања

Објавено

на

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Единсон Кавани по вечерашниот натпревар одигран на „Олимпико“ влезе во историјата на европските натпреварувања.

Искусниот Уругваец одигра уште еден одличен натпревар во кој ги постигна двата погодоци за „ѓаволите“ на натпреварот против Рома кој Јунајтед го загуби со 3:2. Сепак овој пораз немаше никакво значење затоа што уште на првиот натпревар одигран на  „Олд Трафорд“ Јунајтед се чекираше во финалето во Лига Европа.

Кавани со двата гола на „Олимпико“ стана првиот играч по далечната 1986 година кој успеал да постигне по два гола на два полуфинални натпревари во некое од европските натпреварувања.

Последен пат ваков подвиг направил Клаус Алофс кој во сезоната 1985-86 постигнал по два погодоци на двата натпревари од полуфиналето од УЕФА Купот помеѓу Келн и Варегем.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни