Кавани прави неочекуван и бомбастичен трансфер: Тој клуб ме пали, многу го сакам…

cavani

Уругвајскиот репрезентативец, Единсон Кавани ќе си замине од редовите на ПСЖ по цели седум години поминати во главниот град на Франција.

По 300 натпревари и 200 голови за францускиот тим, Кавани ќе си замине од клубот, и како што стојат работите кариерата нема да ја продолжи во Европа, иако за него има сериозен интерес од Атлетико Мадрид.

Наводно, за 33 годишниот фудбалер стигнал повик од Буенос Аирес, односно од тимот на Бока Јуниорс. Првиот оперативец на клубот, Хуан Роман Рикелме ќе ги води преговорите со Кавани кој пред околу една година даде интересна изјава поврзана тому со Бока Јуниорс.

– Бока е тим кој ме пали и кој многу го сакам. Многу пати сум размислувал како се качувам на оградата и славам со навивачите, нешто слично како што правеше Мантека Мартинез, – изјави Кавнаи пред околу една година.

Сега, како што стојат работите ќе му се исполни овој сон и Кавани кариерата ќе ја продолжи во аргентинскиот гигант.

Facebook Коментари