Кавани со отвори за препирката со Нејмар за пеналот: Без измислени приказни кои не постојат…

nejmar-kavani1

Екипата на Пари Сен Жермен во оваа сезона е супериорна во Франција и ќе треба да се случи вистинско чудо тие да не го преземат тронот кој во овој момент се уште му припаѓа на Монако.

Со оглед на тоа што ПСЖ ги гази противниците се уште интересен за јавноста е контраверзниот момент и фијаското за пеналот на средбата против Лион меѓу Единсон Кавани и Нејмар.

Низ медиумите се пишуваат голем број на информации за таа ситуација, која е причината за „нетрпеливоста“, што се случило во соблекувалната… Уругваецот уште еднаш се огласи за тој момент и јасно покажа кој е виновен за тоа цело шоу кое со денови се провлекуваше низ медиумите.

– Тие создаваат или измислуваат приказни кои не постојат, тоа што е важно кога тимот постигнува гол. Треба да работиме напорно и да играме заедно за да ги постигнеме нашите цели со тимот, сите тоа што го демонстрираат ќе бидат добри. Но, ако има луѓе кои не го чувствуваат или размислуваат поинаку, тоа е на нив. Со Нејмар, немаше ништо посебно за тоа што разговаравме. Што се случи на теренот или во соблекувалната беше во голема мера претерано и тие остануваат на тоа место бидејќи тоа е она што го бара фудбалот, -порача Гранде Кавани.

Facebook Коментари