Кавани му се прикраде на голманот од зад грб и го постигна најчудниот гол во кариерата (Видео)

kavani-sutira

Јапонија и Уругвај го одиграа убедливо највозбудливиот пријателски натпревар во текот на вчерашниот ден, бидејќи фудбалските фанови кои беа присутни на стадионот во Саитама имаа можност да видат дури седум голови.

За присутните гледачи на трибината, овој натпревар беше уште подобар поради тоа што домашната селекција победи со 4:3, но и поради тоа што беа сведоци на еден исклучително необичен гол кој го постигна Единсон Кавани. Напаѓачот на ПСЖ израмни на 2:2 во 57-та минута, но сигурно и тој ќе го памети овој гол бидејќи истиот можеби е и најчуден во неговата кариера.

Кавани „заглави“ длабоко во офсајд по една неуспешна акција на Уругвај, но сепак обидот на Јапонците да организираат акција заврши со грешка, па така Единсон му се прикраде од зад грб на противничкиот голман, ја одзема топката и постигна исклучително луд гол кој стана хит на социјалните мрежи.

Facebook Коментари