Кавани ја откри тајната за својот голгетерски инстинкт

kavani-nantes

Единсон Кавани игра уште една одлична сезона во дресот на ПСЖ, а во своето последно интервју откри еден интересен детаљ кој според него има големо влијание и на неговата фудбалска кариера.

– Риболовот ми дава спокојство и душевен мир. Освен тоа, како фудбалер ми помага да ја подобрам концентрацијата и фокусирањето, тоа има позитивен ефект во мојата кариера.

– Треба да го сочекаш вистинскиот момент за да нападнеш, да ја уловиш рибата. Во фудбалот мојата позиција е идентична, мора да бидам трпелив и да знам кога да нападнам, – потенцира Кавани кој сезонава постигна 25 голови на 26 натпревари во дресот на ПСЖ.

Facebook Коментари