Поврзете се со нас

Свет

Кавани го режираше најголемото промашување во својата кариера, па сакаше да ја искине мрежата (Видео)

Објавено

на

Бока Јуниорс оствари убедлива победа над Национал Потеси во Копа Судамерикана, но триумфот од 4:0 беше зачинет и со едно неверојатна промашување на најдокажниот голгетер на теренот.

Единсон Кавани брзо ги освои срцата меѓу навивачите на Бока со своите голови и максималното залагање, но рано утрово режираше промашување кое и него го остави без текст.

Уругвајскиот фудбалски мајстор лошо го постави левото стапало и не успеа да реализира во ситуација кога беше осамен пред гол линијата, па ова сигурно е негово најголемо промашување во богата кариера.

Ниту самиот Еди не можеше да поверува што не претвори во предност од 2:0, па во прв момент беше до толку гневен, што сакаше да ја искине мрежата.

Неколку минути подоцна, Кавани сепак се запиша во листата на стрелците и погоди за 2:0, а Бока Јуниорс на крајот славеше со 4:0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни