Кавалирси се враќаат во игра: Леброн го водеше Кливленд до прва победа во серијата со Бостон (Видео)

lebron-boston

Леброн Џејмс навести дека е многу смирен по првиот пораз од Бостон во финалната серија на Истокот, но сепак не беше толку оптимистички настроен откако Кливленд го загуби и вториот меч на гостински терен, што во превод значеше дека Кавалирси едноставно мораа да го добијат мечот кој се одигра изминатава ноќ во Охајо.

Леброн Џејмс и останатите играчи максимално сериозно ја сфатија работата уште од самиот старт и буквално го разбија Бостон за намалување на 2:1 во серијата, а клуч за триумфот во споредба со претходните два натпревари беше феноменалната и агресивна игра во одбраната, нешто што беше далеку под просекот на дуелите во Бостон. Кавалирси победија со 116:86 и најавија дека воопшто не мислат да покажат бело знаме, а најмалку од сите „кралот“ Џејмс кој мечот го заврши со 27 поени, 12 асистенции и 5 скокови. Кевин Лав беше добар после подолго време и успеа да оствари дабл-дабл ефект од 13 поени и 14 скокови, а сето тоа се одрази и на конечниот резултат кој ни навестува големи возбудувања во четвртиот меч кој можеби ќе биде и клучен за расплетот во серијата.

Facebook Коментари