Поврзете се со нас

Шпанија

Катастрофата од Баерн го натера Лапорта да му даде ултиматум на Куман: Позитивни резултати или отказ

Објавено

на

Холандскиот стратег од редовите на Барселона, Роналд Куман се соочува со отказ по лошото издание против тимот на Баерн Минхен во кое неговиот тим загуби со убедливи 3:0.

Иако „каталонците“ имаат солидни седум бода по првите три средби во Ла Лига, Роналд Куман се соочува со потешкотии да ја зачува својата работа.

Како што јавува каталонскиот „Спорт“, првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта упатил ултиматум до стратегот на клубот кој мора да ја поправи атмосферата во тимот доколку сака да ја задржи работата.

Барселона мора да извади добри резултати, а тоа веројатно значи и три победи од исто толку натпревари против Гранада, Кадиз и Леванте, тимови кои се следни противници на каталонскиот гигант.

Јасно е дека Барселона е голем фаворит на овие средби и се освен победа ќе значи голем неуспех и речиси сигурен отказ за Роналд Куман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни